Среда, 02 Септември 2015    Печати
На 8 септември во 10 часот (вторник) на гробот на Драган Богдановски во Куманово

dragan-bogdanovski-grob

На 8 септември во 10 часот на гробот на Драган Богдановски во Куманово, единствени, обединети и за Македонија заветени и посветени, да го одбележиме денот на независноста на државата Македонија!

На 8 септември достоен помен за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, кои ни го оставија аманетот да ја чуваме Македонија до бескрајот, бидејќи таа е Божјо откровение, како што Божја промисла се Македонците!

Им должиме на сите ним, на сите кои загинаа и умреа за Македонија, помен и спомен со длабоко поклонение, затоа што ни ја подарија слободата и државноста на Македонија!

Тоа да биде семакедонска светска прослава, каква што заслужуваат сите вредни за спомен и помен Македонци, исполнета со радост на Македонците за државноста на Македонија по распаѓањето на поранешна СФР Југославија!

Затоа, Ве повикуваме на 8 септември, на гробот на Драган Богдановски во Куманово, достојно да го одбележиме името и делото на идеологот и основачот на ВМРО-ДПМНЕ со панихида за него и за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија.

На 8 септември во 10 часот на гробот на Драган Богдановски во Куманово, единствени, обединети и за Македонија заветени и посветени, да го одбележиме денот на независноста на државата Македонија!

Сите Македонци еден за друг! Македонија вечна! Господ да ги благослови Македонците и Македонија!

All Macedonians for one another! Macedonia timeless! God bless the Macedonians and Macedonia!

Веб порталот МАКЕДОНСКА НАЦИЈА, СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС и Јанко Томов - Бризбен, Квинсланд, Австралија