Вторник, 07 Јуни 2016    Печати
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

7 јуни 2016 година, Скопје, Македонија

Македонија е единствен заеднички именител и содржател на Македонците и на нејзините државјани, каде и да се во светот! Со Македонија може да имаме се', без Македонија губиме сите заедно!

Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, повикува на семакедонско помирување и обединување во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, независно од етничкото потекло, верското уверување, политичката определба, социјалниот статус и општествената положба, сите заедно за Македонија со сите етнички, јазични, верски и културни разлики!

Македонија значи мир и љубов, Македонија значи толеранција и коегзистенција, Македонија значи интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури!

Македонија е душата на Балканот, Македонија е совеста на Европа!

Вложи се себеси за доброто на сите, за татковината една и единствена, за Македонија која нам подеднакво ни припаѓа! И не само прашувај што татковината сторила за тебе, запрашај се што правиш ти за Македонија!

Семакедонското помирување и обединување не започнува од другиот, туку од тебе! Започни од себе, секој ден и секаде, подари им на другите мир и љубов, толеранција и коегзистенција, тие ни недостасуваат на сите, од нив никогаш доста!

Со мир и љубов кон семејството, верата и татковината, Македонија вечна и за навек да е! Македонија од исконот до бескрајот! Господ со Македонците! Сите Македонци еден за друг! All Macedonians for one another! Амин!