Советски документи за дејноста на претседателот на заседанието на АСНОМ

Претседателот на АСНОМ и подоцна претседател на неговиот Президиум, Методија Андонов-Ченто, многу брзо ќе дојде до судир со тогашните југословенски власти кои ќе го присилат да ги напушти сите функции.
Во ноември 1946 година, бил обвинет дека се борел за обединета Македонија и дека барал отцепување на НР Македонија од Југославија. Истовремено, како грев му се припишувал наводниот обид за бегство преку граница. Поради тоа бил изведен пред суд и осуден на 11 години затвор каде што остана до септември 1955 година. Дека големиот македонски патриот не можел да се помири Македонија да биде распарчена и дека сакал таа да се обедини потврдуваат и некои советски дипломатски документи кои на јавноста и ги презентира д-р Владо Ивановски, од кои најважните делови се пренесуваат во најновото издание на ???... Двајца советски дипломати, В.П. Григоров и И. Н. Агеев, од 13 до 23 јули 1945 година ја посетиле Македонија и притоа во Скопје на 20 јули имале подолг разговор со претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.
Во извештајот до својата амбасада во Белград, меѓу другото, ќе напишат: "Тој (Ченто) нў праша дали сме го слушнале соопштението на радио од средбата на тројцата раководители на трите големи држави за тоа дека, наводно, тие дошле до заклучок за неопходноста од создавање самостојна Македонија под покровителство на Америка“
Исто такво прашање ни постави и секретарот на АСНОМ, Спиров, кој влезе додека разговаравме со Андонов-Ченто.
Спиров го изрази своето мислење дека е прифатлива идејата за протекторат на СССР или Америка над Македонија само да не се реализира варијантата Македонија под протекторат на Англија. Притоа, тој ја разви мислата за можноста за постоење самостојна Македонија под покровителство на Америка, под услов да бидат зачувани денешните органи на државната власт и на армијата. Економската соработка треба да биде база за подем на Македонија. Ченто, во принцип, со ништо не му се спротивстави на својот колега. Меѓутоа, изрази сомневање за тоа дека денешните органи на државната власт ќе можат да се зачуваат за време на американскиот протекторат, кога Америка ќе ги земе во свои раце командните места во македонската економија°. Нецел месец подоцна по разговорот што ги имал во Скопје со двајца советски дипломати, кон средината на август, Методија Андонов-Ченто за време на престојот во Белград ја посетил советската амбасада и два часа разговарал со висок претставник на советската амбасада. Во него претседателот Ченто бил мошне критичен кон севкупните состојби во Македонија, пред сў, политички и економски. Меѓу другото, Ченто го информирал претставникот на амбасадата за наводното непочитување на законитоста во Македонија, за фамилијарноста во раководните структури, за недостигот од основни прехранбени продукти, за експлоатацијата на македонските добра и така натаму. Посебно внимание посветил на причините за одењето, односно, како што рекол, "за отстранувањето° поголема група политички и воени раководители од Македонија и нивно праќање во Белград. Притоа, ги навел имињата на Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Владимир Полежина, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Венко Марковски... Нормално, по сите овие разговори што ги имал со дипломати од Советскиот Сојуз, а кои најверојатно им биле познати на тогашните југословенски власти, започнала хајка против Методија Андонов-Ченто. Во ноември 1946 година, бил обвинет дека се борел за обединета Македонија, беше сменет и осуден на 11 години затвор каде што остана до септември 1955 година..
Ченто подоцна со одлука на Уставниот суд на СР Македонија беше рехабилитиран. |