Петок, 24 Март 2017    Печати
Македонците во Италија се единствени во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ИТАЛИЈА

2СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА НА 27 МАРТ ВО NEIVE

24 март 2017 година, Рим, Италија

- На 27 март 2017 година, на Via Circonvallazione 12, 12052 Neive, со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Семакедонски собир за поддршка на унитарноста на Македонија.

Присутните ќе изразат поддршка на движењето “За заедничка Македонија“, ќе ја поддржат унитарноста на државата и македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи и ќе ја отфрлат двијазичноста и федерализацијата на Македонија.

Македонците во Италија се единствени во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата и бараат безусловен крај на разговорите за разликата по државното име со Владата во Атина!

Семакедонскиот собир ќе се одржи во кампот спорти Македонската Црква во Неиве (Circolo Rosa Neive - Area Camper).

Организаторите повикуваат на масовно присуство.