Понеделник, 10 Јули 2017    Печати
ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ ВО ЉУБОТЕН!

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ ВО ЉУБОТЕН!

10 јули 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најосто го осудува денешното сквернавење на православните гробишта во дворот на црквата “Свети Никола“ во Љуботен, во општина Бутел, при што непознати сторители ги искршиле надгробните спомен плочи и обележја и предизвикале голема материјална штета.

СМК изразува жалење затоа што ова е втор случај на уништување на спомен плочите на православните гробишта во една од најстарите цркви во Скопска Црна Гора, во село Љуботен, којашто е заштитена како споменик на културата.

СМК бара полицијата да ги открие сторителите и против нив да преземе најостри законски мерки.

19987517 1537916796282854 235447072 n

19964957 1537916799616187 1503946316 n