Среда, 12 Јули 2017    Печати
Соопштение на Главниот штаб до реонските раководства дека востанието ќе биде прогласено на Илинден

sloboda-ili-smrtБраќа,

Најсетне многуочекуваниот ден за пресметка со нашиот вечен душманин дојде.

Крвта на нашите невино загинати браќа од турската тиранија вика високо за одмазда.

Погазената чест на нашите мајки и сестри го сака своето возобновување!

Доста е толку маки, доста е толку срам!

Илјада пати подобро смрт, отколку срамен и скотски живот.

Определениот ден, во којшто народот од цела Македонија и Одринско ќе треба да излезе јавно со оружје в рака против душманите, е 20-ти јули.

Следете ги браќа, вашите водачи тој ден и соберете се под знамето на слободата.

Бидете упорни, браќа, во борбата.

Нашиот спас е само со упорна и долготрајна борба.

Нека Бог го благослови нашето праведно дело и денот на востанието.

Долу Турција! Долу тиранот! Смрт на душманите!

Да живее народот!

Да живее слободата!

Ура!

Ве милува братски: Штабот

Краткото соопштение е составено на 9 јули од Сарафов и Лозанчев, и потоа заедно со прогласот беа хектографирани во с.Боишта (на 15 јули) и препратени до сите реони.