Недела, 08 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
На 8 септември македонскиот народ го слави Денот на независноста на Македонија

8-septemvri-den-na-nezavisnosta-na-makedonskata-drzhava

Вечерта на 8 септември 1991 година, пред граѓаните кои спонтано се собраа на плоштадот Македонија за да го прослават успешно спроведениот референдум, тогашниот претседател Киро Глигоров пред насобраниот народ ќе се обрати со зборовите: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“

Се започна на 8 септември 1991 година кога македонскиот народ на Референдум се изјасни за самостојна, суверена и независна македонска држава. На тој ден, 95% од граѓаните што излегоа на референдум, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Согледувајќи го крвавиот распад на СФР Југославија, а во кој македонскиот народ не сакаше да учествува, преставниците на првиот повеќепартиски македонски парламент усвоиа Декларација за независност на 25 јануари 1991 година, по што следуваше и одлуката за распишување на референдум.

На Референдумот одржан на 8 септември 1991 година, од 1.495.626 граѓанисо право на глас излегле 1.332.981 или 71,85 % граѓани. Од вкушниот број на граѓани кои гласале 1.079.308  граѓани или 95,09 % позитивно се изјасниле, што говори за успешноста на Референдумот. Мора да се напомене дека тој бил спроведен без нарушување на процесот на изјаснување и немало приговори и жалби на неправилности или повреди на Законот за Референдум.

На Комисијата и остана само да ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија. Потоа, волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија, по што следеше и усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Меѓутоа, проблемите започнаа кога поголемиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а нивните пратеници во Собранието не го поддржаа новиот Устав. На 31 март 1992 година  етнички Албанци демонстрираа во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството, а на почетокот на ноември 1992 година се случија судири со етничките Албанци на Бит пазар. Десет години подоцна, по конфликтот во 2001 година, беше потпишан Рамковен договор и Уставот дополнет.

Освен внатрешните проблеми, на патот на вољата на македонскиот народ се испречи Грција. Иако по распадот на Југославија само Македонија и Словенија добија позитивни оценки од специјално формираната Бадинтерова комисија дека ги задоволуваат условите за стекнување независност, Европската заедница под притисок на Грција, во средината на јануари, 1992 година, ги призна само Словенија и Хрватска.

Согледувајќи дека Македонија се соочува се огромен притисок од меѓународната заедница, каде Грција има големо влијание, истата година регираа пријателските земји. Првата држава која ја призна Македонија беше Република Бугарија (15. I 1992), a потоа следуваа признавања од Турција (6. II 1992), Словенија и Хрватска (12. II 1992), Босна и Херцеговина (26. II 1992 ), Филипини (8. V 1992), Русија (5.V 1992) и Белорусија (7. IX 1992).

Признавањето на Македонија од страна на повеќе земји овозможи Македонија да побара прием во ОН во јануари 1993 година. Веќе на 8 април 1993 година беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка. Сепак, поради притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.

Македонците се трпелив и мирољубив народ. Тој се надева дека ќе дојде време кога сите ќе ја сватат поентата одговорот во судот на Евреинот Рафаел Хаим Барух, член на групата на Георги Дукимов која по Втората светска војна во кумистичка Бугарија се борела за обединување на Македонија.

На прашањето на судијата зошто се замешал кога е Евреин, тој им одговорил: „Пред се јас сум Македонец. Во Македонија сум роден и за неа ќе се борам“.

Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста, и за многу години Македонија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.