Среда, 04 Октомври 2017    Печати
„ПИТБУЛОT“ ДАНИЕЛ СТЕФАНОВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

daniel1

- Даниел Стефановски има 22 години, висок е 185 сантиметри, тежок е 81 килограми, тој е Македонец, родителите му се по потекло од Куманово, а роден е во Швајцарија. Денес тој живее и работи во Цирих. Првите чекори во боречките спортови ги прави на своите 13 години.

Својата кариера ја започнува со мај-тај и кик-бокс. Даниел Стефановски е Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година. Даниел Стефановски е швајцарски првак во категоријата до 75 килограми во 2013 година во тајландски бокс и европски првак од 2014 во верзијата ВПКЦ. Во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау. Досега одработил околу 42 борби, 37 победи и 4 порази.

daniel2

Неговите амбиции не застануваат на овие титули. Даниел Стефановски сака да биде најдобар во светот.

- Мојата мисла и понатаму е да продолжам со напорните тренинзи, еден ден да го исполнам сонот за којшто живее секој борец - да станам светски првак и да учествувам во најдобрите организации во светот, - категоричен е Даниел Стефановски.

daniel3

Даниел Стефановски настапува за “Фајтџим“ - клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.