Четврток, 02 Ноември 2017    Печати
ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

23192573 1671842942890238 1298667550 nСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

2 ноември 2017 година, Отава, Канада

- На 26 октомври годинава во Парламентот на Канада во Отава по иницијатива на македонскиот амбасадор Тони Димовски беше формирана парламентарна група за канадско-македонско пријателство.

На одржаната инаугуративна седница учество зедоа повеќе претставници на Парламентот на Канада, а како почесни гости беа повеќе значајни и видни личности од Канада со македонско потекло.

На првото заседание на парламентарната група за канадско-македонското приателство присуствуваа и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Канада Боне Темелков, заменикот претседател на Светскиот Македонски Конгрес - Канада Јован Трајчески, македонскиот сенатор Луи Темелковски, поранешен пратеник во Канадскиот парламент и македонскиот сенатор Лефтер Манче.

Свеченоста по повод формирањето и инаугурацијата на парламентарна група за канадско-македонско пријателство се одржа во просториите на Парламентот на Канада (Wellington Building, Parliament Hill, Ottawa).

За претседател на парламентарната група за канадско-македонското пријателство едногласно беше избран претставникот на владеачката Либерална партија, пратеникот Брајан Меј.

Инаугуративната седница беше проследена со голем интерес од страна на сите присутни, а во парламентарната група учествуваа 14 пратеници, и од парламентарното мнозинство и од опозицијата.

Овој чин е од големо значење за Република Македонија и претставува еден од мостовите на соработка помеѓу Канада и Македонија. Тој ќе овозможи натамошно унапредување и соработка на повеќе нивоа и области.

Светскиот Македонски Конгрес упати честитки за формирањето на парламентарнта група на канадско-македонското пријателство, како и до македонскиот амбасадор Тони Димовски за неговиот посебен ангажман за реализација на овој многу значаен мост на пријателство меѓу Канада и Македонија!

23192875 1671842966223569 1237112544 n

23163563 1671842936223572 1150145119 n

23146309 1671842919556907 777432646 n

23201860 1671842932890239 1349050401 n