Вторник, 16 Јануари 2018    Печати
ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЕНА

2МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРИЈА

ПРОТЕСТ ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЕНА НА 20 ЈАНУАРИ ВО 5 ДО 12 ЧАСОТ!

16 јануари 2018 година, Виена, Австрија

- Македонската заедница во Австрија на 20 јануари (сабота) во 5 минути до 12 часот организира мирен протест “ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА“ пред Македонската амбасада во Виена.

- И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, Македонија е нашиот единствен заеднички именител, Македонија е нашиот единствен заеднички содржател!

Повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството!

Ве повикуваме на одбрана на унитарноста и државноста на Македонија! Ве повикуваме во одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија, - се вели во прогласот на Македонската заедница во Австрија.