Четврток, 08 Февруари 2018    Печати
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ НА 27 ФЕВРУАРИ во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија

27751910 10209064222001842 4558092812989943808 nМакедонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

На 27 февруари 2018 година со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Македонците во светот бараат:

(1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

Македонците во светот отфрлаат референдум и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонските политичари немаат право да одлучуваат дали ќе има, или нема да има референдум за името!

НИЕ, денешниве генерации, не го добивме името Македонија на референдум, за да одлучуваме за негова промена на референдум!

Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА!

Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување!