Вторник, 27 Февруари 2018    Печати
Денес е денот кога треба да одвоите 2 часа за вашата и иднината на вашите поколенија

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 12

Беше Ноември 1990 година ,како што се стемнуваше снегот почна да паѓа поинтензивно,темературата на македонски телеком покажуваше -12, на плоштадот Македонија поставена инпровизирана бина на тамчето од Љубанци,наоколу по некој човек а уште неколку часа до почетокот на митингот.

Со мојот пријател Жарко се скривме под церадата на "Пелистер" и онака ѕенѕајќи на студот длабоко разочаран дека нема да дојде никој му велам:
-Брату Жаре ,зар до толку се плашат луѓево уште од комунистите,зар толку ни го убија духот на нас ,па види ги Хрватите и Словенците за 3 месеци држава направија,од нас ништо не бидува. -Абе Александре очигледно уште сме заробени во перцепцијата дека сме Македончиња а не Македонци... А до нас на стои едед дедо потпрен на патерица и ни се смешка и ни вика :"Полека деца рано е ,ќе биде ќе видите колку ќе не има,ние секогаш од пепелта излегуваме појаки и побројни".
И полека се упати пред бината. По половина час реки од народ и старо и младо почнаа да се слеваат на плоштадот,ечат зурли и тапани од сите страни ....и почна се разбуди духот и на -12 не се помести никој ,стоеја така стамено со солзи на пркос и радост во нивните очи скандирајки "Македонија","Македонија на македонците" "Слободна Македонија"..... Една година подоцна станавме независна суверена држава со своја валута војска и спортски репрезентации.

Да денес е денот да го одбраниме ова за кое се боревме пред 28 години.
Денес е денот на македонскиот ФЕНИКС!
Денес е денот кога треба да одвоите 2 часа за вашата и иднината на вашите поколенија.

ВО 18:00 ПРЕД ЕУ!

Александар Бициклиски