Недела, 04 Март 2018    Печати
МАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН СО СИЛНО “НЕ” ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

28741140 10155907103658197 1014317957 nМАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН СО СИЛНО “НЕ” ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 60.000 Македонци денес протестираа во Мелбурн, Австралија против промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Како што беше најавено во медиумите, Македонците во Мелбурн Сиднеј и Перт одржаа мирни протести денес 4 март 2018 година, искажувајќи го своето незадоволство од моментната ситуација во Македонија, политиката на актуелната влада на чело со премиерот Зоран Заев кој воведува двојазичност и преговара за македонското име со Грција. Од илјадници Македонци во Мелбурн, од најмали до најстари, ечеше Македонија, Македонија и едно име имаме. И младите генерации кои се родени во Австралија изразија големо разочарување со се што се случува со Македонија која е матична земја на нивните родители, баби и дедовци, земја по која со гордост се нарекуваат Македонци по националност. Остро се спротивставуваат на сите политички лидери кои досега излегуваа со изјави против својот народ, и кои кажуваат спротивно на она што ние веруваме, дека не сме ни Бугари ни Грци , дека имаме јазик Македонски и историја за почит.

Македонците во Австралија уште еднаш покажаа дека се солидарни со Македонците во целиот свет, посебно со родна Македонија каде е нивниот корен и не дозволуваат никој да тргува со нејзините национални белези. Дадовме многу, ни остана малку, да го сочувме тоа парче земја наречено Македонија, во спротивно ќе останеме како дрво без корен.

На транспарентите јасно беа испишани пораки : Македонија не е грчка, Стоп на преговори, кој ви даде право да реговарате за нашиот идентитет и јазик, нашето име е Македонија. Јасно укажуваме по кој знае кој пат дека никој нема право да го оспорува или загрозува македонскиот идентитет и правото на себедефинирање.

Македонија, Македонци засекогаш.

Гордана Димовска

28535551 10155907269088197 2060429822 n

28536937 10155907268033197 1762621075 n

28537349 10155907268418197 27953531 n

28537485 10155907267503197 1601351455 n