Недела, 04 Март 2018    Печати
Заев, Димитров и Шекеринска се непожелни личности

alt

За Македонците во Австралија Заев, Димитров и Шекеринска се непожелни личности

Повеќе од 50 илјади Македонци протестираа денеска во Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеј, Австралија. Македонските здруженија од оваа земја порачаа дека се против промената на името, а за Зоран Заев, Радмила Шекеринска и за Никола Димитров рекоа дека се непожелни личности меѓу Македонците во Австралија. За протестите известија сите поголеми медиумски куќи во оваа земја.

„Премиере Заев, министре за надворешни работи Димитров, министерке за одбрана Шекеринска треба да го знаете следново - секој обид за промена на името на Република Македонија со само еден збор ќе резултира со тоа што вие и членовите на вашите кабинети ќе бидат прогласени за PERSONA NON GRATA во Австралија.

alt

Нема да прифатиме ниту еден македонски амбасадор во Австралија, ако се смени името на нашата земја. Ниту еден македонски амбасадор никогаш нема да биде добредојден тука“, порачаа организаторите на овој протест, а нивниот проглас го испратија до Заев и Димитров.

За два месеци завршува мандатот на актуелниот амбасадор во Австралија.

alt


alt

Македонците од Австралија бараат веднаш да прекинат „апсурдните преговори за името на Македонија. Македонската Влада мора да постави формално и директно барање до ОН да ја признаат Македонија под нејзиното конститутивно име. 137 земји на ОН ја признаа нашата земја како Република Македонија.

alt

Правна и морална е обврската на ОН да дозволат Македонија да се движи напред без мешање и бојкотирање од Грција.

alt

Ги повикуваме ОН да престанат со двојни стандарди со игнорирање на човековите права на македонското малцинствово Грција, Албанија и Бугарија, да престанат со охрабрувањето на сепаратистичките и расистички барања на албанското малцинство во Македонија во своите барања за голема Албанија“.

alt

Повеќе од 15 протести денеска се одржаа или се одржуваат по земјите од целиот свет на кои Македонците го искажуваат својот ревволт од преговорите за промена на името.

МКД