Сабота, 21 Јули 2018    Печати
Ваквите мајмунџилаци ќе доведат до предвремено пензионирање на сегашниот владејачки естаблишмент
1900344 686546614744013 3344629297970735298 o
Димитар Апасиев
Според важечкото право, невозможно е да има и ИЗБОРИ и РЕФЕРЕНДУМ во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција.

Можно е, во ист ден - недела - да има ИЛИ повеќе избори ИЛИ повеќе референдуми, но не и двете измешано.

p.s. Тоа шо си замишљаат ова провладиниве „експертутки“ дека ќе го заебат народот ако во ист ден стават и референдум и избори - демек така ќе го обезбеделе цензусот од 900.000 избирачи - е гола вода.

Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и ПРАВОТО НА НЕГЛАСАЊЕ, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“!

Така што, доколку го иссилуваат и овој процес, како и се друго досега - не постои сила кој ќе го натера граѓанинот да мора да земе две гласачки ливчиња, доколку не сака.

А башка што, ваквите мајмунџилаци ќе доведат до предвремено пензионирање на сегашниот владејачки естаблишмент, чиј рејтинг вртоглавно паѓа со секој изминат час (а камоли па ден).