Сабота, 04 Август 2018    Печати
Обединувањето е единствена опција во ова тешко време за Македонија!

29573086 828453487362780 3845332651123614254 nМЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА ПОВИКУВА:

Почитувани браќа и сестри Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот.

Ние немаме државни буџети и армија партиски војници,
Ние не правиме концерти со узурпирани народни пари,
Но, затоа имаме искрена цел, посветеност, упорност и љубов кон нашите идеали: Борбата за името на нашата мајка Македонија!

Зад нас се млади сили кои знаат кои се, што се и зошто се со нас!
Ние сакаме да го зачуваме наследството на нашите претходни генерации стекнато со вековната борба за слобода и држава, кои своите животи ги дадоа за својата земја, идентитет и јазик!
Имаме силна волја што тлее во нашите срца и души, тоа ниту една корумпирана сила нема да го сруши!

И вие можете да придонесете да се чуе за оваа борба за нашата една и единствена Македонија! Секој од вас може да биде воин и херој кој се борел и придонел за себе, семејството и за Татковината!

Дојдете, придружете ни се во нашата борба, без разлика на етничкото потекло, верската припадност и политичкото убедување, секој е важен!
Обединувањето е единствена опција во ова тешко време за Македонија! Заедно сме посилни!

НИКОГАШ СЕВЕРНА! СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!38420484 919187574956037 4734208309962211328 n