Среда, 15 Август 2018    Печати
Партијата ни значи многу но државата малку повеќе од се‘

2

Партијата ни значи многу но државата малку повеќе од се‘

Почитувани стружани , драги браќа и сестри!

Ве известувам дека изминатиов период во комуникација со поширокото членство на ВМРО ДПМНЕ при ОК Струга речиси едногласно сме сложни дури и да има било каква сугестија или наредба од страна на раководството на партијата , ние , чесните и никому должни членови, исто како што не ја послушавме сугестијата за локалните избори да не ја послушаме и овој пат евентуалната , спротивно на нашиот став дадена наредба да излеземе на референдум!

Одлуката на нас, никому должните членови е да го бојкотираме референдумот закажан на 30.09.2018год.
Исто така сакам да напоменам дека доколку раководството на партијата овој пат тргне против волјата на членството , партијата ќе сноси одговорност на првите било какви избори!
Нам партијата ни значи многу но државата малку повеќе од се!

П.с.
Ги повикуваме нашите браќа сопартијци, членови од останатите општински комитети на ВМРО ДПМНЕ да не поддржат и што поскоро да излезат јавно со став #бојкот на референдумот ! Раководството не е партијата! Партијата е членството и овој пат мора да се почитува волјата на поширокото членство од ВМРО ДПМНЕ!
Со почит,
Објава на ФБ статутот на Васко Јолески