Среда, 15 Август 2018    Печати
Итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

1

ММДЧП започна кампања за итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште една кампања под мотото "Нашето име е Македонија", во која бара итно апсење на нелигитимниот македонски премиер Зоран Заев, поставен од САД, и на други лица, заради прекршување на македонскиот Устав, спротивно на правилата на Собранието, и заради кршење на македонските закони. Сето ова е во прилог на неговите предавнички напори за промена на името на Република Македонија во "Северна Македонија" и, наспроти неговите одрекувања, на идентитетот на сите Македонци - во Република Македонија, во соседните земји и низ целиот свет - во Северно- Македонци.

Објавени се билборди, летоци и постери (во прилог) - и истите ќе продолжат да се објавуваат низ целата територија на Република Македонија се' додека Заев и останатите не се соочат со правдата и додека еднаш засекогаш не завршат сите преговори за промена на името на Македонија.

ММДЧП ги повикува сите Македонци:

1.да се приклучат кон нашите барања за итно апсење на Зоран Заев и на другите предавнички претставници на Владата;

2.да побараат итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници притворени од Заев;

3.да ја поддржат кампањата за бојкот на референдумот (и да го спречат тој незаконски референдум);

4.да побараат да престане масовното Западно странско мешање во насока на промена на името, како на пример заканите на претставниците на САД и ЕУ дека е "сега или никогаш";

5.да побараат меѓународната заедница да го почитува основното право на самоопределување на Република Македонија, како и да го почитува меѓународното право и конвенциите за човекови права создадени за негова заштита;

6.да побараат меѓународните медиуми да престанат да го прикажуваат културниот геноцид над Македонците како "победа" и да ги поддржат Македонија и Македонците како и секоја друга етничка група.

ММДЧП особено го повикува Претседателот Иванов да ја употреби својата моќ како шеф на државата:

1.да нареди итно апсење на Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и сите останати кои го прекршиле законот и извршиле предавство, и покрај договорот што Заев го потпиша со Претседателот Иванов, а во кој тој "гарантира" дека ќе ја брани Македонија;

2.да престане со секаква дискусија за промена на името на Македонија затоа што со тоа се прекршува македонскиот Устав и закони;

3.веднаш да се повлече од Времената спогодба, затоа што не само што е истата анти-македонска, туку е и ништовна затоа што Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008 година;

4.да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила и да ја примат Република Македонија под нејзиното вистинско име;

5.да ги повика другите земји да побараат крај на недемократските и расистички преговори за промена на името, а и да ја употребат својата моќ, вклучително правото на вето на Турција во НАТО, и правото на вето на Русија во ООН, за ефективно да ги запрат сите дискусии за промена на името на Македонија.

Користете ги хаш-таговите #ArrestZaev, #OurNameIsMacedonia и #Boycott на англиски и #АпсетеГоЗаев, #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам/#Bojkotiram на македонски.

Македонците не смеат да дозволат да превладеат предавство, странски интервенционизам и незаконски дејствија. Нашето име е Македонија. Почитувајте го, и светот ќе ве одбрани.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)