Сабота, 25 Август 2018    Печати
ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде на граѓаните да им укаже за погрешната содржина на Договорот од Преспa

19029242 10155499037158313 7322574689194063740 nБуџетските пари за кампања да одат за ново училиште, како партија самите на граѓаните ќе им ја презентираме содржината на ова капитулантско дело

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во своето гостување во вестите на телевизија Телма истакна дека неговата партија ќе се откаже од државните средства наменети за кампања за референдумот. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на терен и е помеѓу граѓаните како дел од партиските активности „Лето за Македонија“.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од средствата кои што следуваат за кампања на референдумот, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе е на терен, ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу граѓаните и заедно со граѓаните во рамки на својата акција која што е дел од партиските активности Лето за Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски најави дека работното лето ќе продолжи и во периодот што следи, а кога и официјално ќе започне кампањата за референдумот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде на граѓаните да им укаже за погрешната содржина на Договорот од Преспа, договор кој тој го нарече капитулантско дело направено од владата на СДСМ и Заев.

-Прoдолжуваме и во периодот кој што следи, ќе го фатиме и делот кога ќе започне официјално кампањата за референдумот. Ќе можеме погласно да разговараме со граѓаните на Република Македонија. Ќе се обидеме да им укажеме на она што се вели погрешна содржина, односно капитулантско дело кое што го има направено владата на СДСМ и Зоран Заев. Се надеваме дека нашите аргументи ќе бидат прифатени од страна на граѓаните на Република Македонија, заклучи тој.