Мицкоски – Даниелсон:ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со договорот бидејќи е спротивен на македонскиот правен систем и меѓународните стандарди и практики
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
Во текот на средбата Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со членството на Република Македонија во Европската унија. Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција.
Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот со Република Грција и укажа дека Партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со македонскиот правен систем како и меѓународните стандарди и практики.
„Во текот на средбата ги повторив ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот и укажав дека Партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со Македонскиот правен систем како и меѓународните стандарди и практики“, пишува Мицкоски во соопштението на Фејсбук.
|