Понеделник, 03 Септември 2018    Печати
Пет години по ред фондацијата Капинков на првачињата од Дебрца им дарува училишен прибор
alt

Пет години по ред фондацијата Капинков на првачињата од Дебрца им дарува училишен прибор

Во Дебрца годинава се запишаа 22 деца во прво одделение. И годинава, како и во претходните пет години тие добија училишен прибор од фондацијата „Капинков“, сопственост на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Годинава подароците, ранци и друг училишен прибор на првачињата им ги предаде градоначалникот Зоран Ногачески кој им посака многу успех за време на образованието. „Ние како локална самоуправа постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, сѐ со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности“, рече Ногачески.

Тој изрази голема благодарност и до Зоран Ќосески, почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Австралија, и до Драган Капинков.

https://www.mkd.mk/makedonija/dijaspora/pet-godini-po-red-fondacijata-kapinkov-na-prvachinjata-od-debrca-im-daruva