Вторник, 04 Септември 2018    Печати
Македонската црковна заедница во Берлин одбила да се сретне со министерот за дијаспора Едмонд Адеми

dijasporaДијаспората го „протера„ министерот од Берлин!

Македонската црковна заедница во Берлин одбила да се сретне со министерот за дијаспора Едмонд Адеми кој е во неколкудневна посета на главниот град на Германија.

alt

Во писмото кое го објавуваат Македонци од Германија со кое се одбива средбата црковната општина на МПЦ Свети Климент Охридски од Берлин, се вели дека ја одбиваат средбата затоа што било најавено дека ќе се збори за дневни политички теми.

Причина за одбивањето на средбата е и најавата дека на неа министерот Адеми сакал да ги промовира придобивките од договорот со Грција.

За Црковната општина Свети Климент Охридски се работи за штетен и срамен договор и нема потреба сега или било кога некој пред нејзините членови да ги презентира придобивките од него.

alt

alt

https://tri.mk/2018/09/03/%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be/