Петок, 12 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Хан веќе не се контролира, ВМРО – ДПМНЕ е виновна што не сме во ЕУ, Иванов застапува руски интереси

alt

Еврокомесарот Хан не стана само советник на Заев, тој сега е и мониторинг на процесот за уставни измени, па изјави дека ВМРО - ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО интеграциите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски “Стандард” повторно со обвинување кон ВМРО – ДПМНЕ и претседателот Иванов.

Хан вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието.

Тој од ВМРО – ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските.

Додава дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.

Ова е целосно неприфатливо за партија која вели дека е проевропска, демократска партија. – изјавил Хан.

Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО – ДПМНЕ, но дека партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите за интеграција во ЕУ и НАТО.

За еврокомесарот референдумот бил чисто консултативен и огромно мнозинство од граѓаните се изјасниле “за”.

Повиците за бојкот сведочат за недостаток од демократската зрелост. – рече еврокомесарот.

Јоханес Хан смета дека предвремени избори носат ризик од пробивање на поставените рокови за Договорот за името и вели дека се сомнева дали Грција ќе биде во можност да го усвои во својот Парламент.

Тој додава и дека нови избори не се гаранција за потребното двотретинско мнозинство.

Сега постои шанса што треба да се искористи, во спротивно оваа единствена шанса да помине Договорот и со тоа патот кон членство во ЕУ може да се изгуби за долго време, можеби засекогаш. – изјави Хан.

Тој додава дека ВМРО – ДПМНЕ ќе биде целосно одговорно за таквото сценарио и пропуштената шанса што е важна не само за Македонија, туку и за целиот регион. Воедно весникот не појаснува дали е став на Хан или уредничка контатација, но стои фактот дека претседателот Иванов се акцентира како застапник на руските интереси со ставот да го бојкотира Договорот од Преспа.

Објавил: Мартин Попоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.