Сабота, 13 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ е против овој договор и така ќе остане
alt
Мицкоски:

Заев ја втурнува државата во уште поголема криза, тој е изворот на кризата и мора да си оди

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Република Македонија влегува во општествена, економска и политичка криза. Неспособноста да се управува со политичките процеси, да се испорача резултати кои се ветија и кои се потребни на граѓаните Владата и Заев ја втурнаа државата во поголема и поопасна криза. Се работи за влада со изгубен легитимитет, влада која година ипол буквално не испорача ниту еден резултат.

Договорот со Грција е параванот зад која се одвива грабежот на деценијата. Кризата не е пречка да продолжат тендерите за луѓето од власта, да има 5.3 милиони евра во 4 очи за тендер за учебници кои еве гледаме се одвива во неколку нови продолженија, да се случуваат крвави тендери во здравството, криминални иновации, оние трагикомични тендери за лубриканти од 1.5 милиони евра, кои владата ги преставува како борбата за здравјето на граѓаните, а во исто време болните чекаат за инсулин во болниците, а во операционите сали нема ниту завој за преврска.

Бизнисите на фамилијата на власт стануваат се поголеми, додека приходите на обичните граѓани се се помали. Велеа дека биле за правда, но власта освен тоа што прави политички прогон, бега од предлогот за нова обвинителска институција која вистински ќе се бори против криминалот и корупцијата, а бега, бега затоа што криминалот е во самата власт.

Нема директни странски инвестиции, нема нови работни места, ниту пак 500 евра просечна плата, нема поголеми пензии, подобри услови за студентите, нема поврат на ДДВ, ниту зголемена поддршка за земјоделците, и сето ова додека градежништвото бележи рекорден пад од минус 30 проценти, а капиталните инвестиции за 7 месеци се очајно ниски 21 процент. И во локалната самоуправа каде поминува една година, речиси апсолутна власт на СДСМ немаме никакви резултати. Имаме една година неработа, криминал и очај. Ветија почист воздух, но резултати нема, ветија мораториум на градби, но зградите во Аеродром никнуваат во парковите, ветија чесно работење, но градоначалникот шверцер од Ново Село останува недопирлив за вистинската правда. И додека сето ова се случува власта гледаме како власта се труди да ја поништи волјата на граѓаните. Продолжуваат со процедурата за уставни измени, и покрај тоа што народот се изјасни против договорот со Грција. Ова се вика насилие.

Процесот кој го раководеше лично Зоран Заев се удира во ѕид, и додека тоа се случува одново се лиферуваат нови лаги. Па така Премиерот вчера ќе го слушнеме како името Македонија било заштитено, во исто време додека истата таа влада поднесува амандмани со кои 288 пати го брише името Македонија во Уставот, и го заменува со ново име договорено со јужниот сосед.

Уште еднаш потсетувам дека Владата, Собранието и секој еден пратеник ја има одговорноста да работи и дејствува согласно волјата на народот. А волјата на народот е јасна и недвосмилено изразена на референдумот.

ВМРО-ДПМНЕ е против овој договор и така ќе остане. Изворот на кризата која сега се случува не е отфрлениот договор со Грција, не е ниту пропаднатиот референдум, туку самата власт и Зоран Заев кои мора да си одат за да Македонија победи. А ве уверувам, со силата на народот, заедничката мудрост и одлучност Македонија ќе победи, и сите заедно ќе се избориме за стабилност, европска иднина и сочувано достоинство.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.