Понеделник, 15 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Мицевски: Јас не сакам да гласам за лошиот договор
alt
Мицевски до Тунтев:

Јас не сакам да гласам за лошиот договор, јас ќе продолжам да ги почитувам граѓаните и ќе гласам согласно нивната одлука

При заседавањето на седницата на Собрание на Република Македонија, на што на дневен ред беше промена на Уставот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски реплицираше на пратеникот Тунтев.

-Колега Тунтев, денеска разговараме за жал за предлог за пристапување на измена на Уставот на Република Македонија врз основа на спогодба, а не договор во чие изготвување не бевме ниту консултирани, ниту вклучени. Се донесе закон за ратификација на спогодбата помеѓу Република Македонија и која што беше кажана како втората страна и Република Грција, закон којшто не беше потпишан од Претседателот Ѓорѓи Иванов и закон кој што не е пуштен во „Службен Весник“ врз основа на кој без почитување на опозицијата и без консултација за процесот сами донесовте одлука за организирање на консултативен референдум, посочи Мицевски кон Тунтев.

Тој образложи дека беа познати резултатите на референдумот , СДСМ продолжи со силување на демократијата во Република Македонија. Резултатите од ДИК кои беа објавени, замислете ДИК во која власта има мнозинство ја објави својата одлука која правно и формално не можеше да биде на друг начин и СДСМ продолжи со фиктивен процес.

-Господине Тунтев, прекинете да ги повикувате пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Вие не сакавте да се вклучиме во дебата и дискусија да ве потсетам спогодбата ја ставивте на Комисија за Европски, а не за надворешни за да дебатираме. Одлуката за организирање на референдум добивме 10 минути пред почнувањето на седницата. Зошто мислењето на 1.200.000 граѓани за вас не е евидентирано, јас сум еден од тие 1.200.000 граѓани. Јас не сакам да гласам за лошиот договор, јас ќе продолжам да ги почитувам граѓаните и ќе гласам согласно нивната одлука, а тоа е против промена на Уставот и промена на уставното име, нагласи Мицевски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.