Среда, 17 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
ОМД: Повикот на Премиерот за Помирување е Закана за Демократијата

OMDОМД: Повикот на Премиерот за Помирување е Закана за Демократијата

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), со загриженост ги следи случувањата во матичната земја, каде Премиерот Зоран Заев повика на помирување помеѓу опозицијата и власта на 61-та седница во Парламентот, на која на дневен ред беше Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија предвиден со Преспанскиот Договор, и покрај неговото отфлање по пат на неуспешен референдум.

ОМД смета дека правна држава и демократија во служба на народот, се гради единствено со конструктивна опозиција, а не со меѓу-партиско помирување кое прикрива политичка трговија на интереси. Во секоја здрава демократија, опозицијата е клучна во превенирање на апсолутна власт и политичко самоволие, во чие отсуство, ОМД стравува дека Република Македонија би го изгубила статусот на демократска земја.

Покрај обидот за придобивање на опозицијата, понудата на Премиерот Заев за помилување на обвинетите од настаните на 27 Април, кое што право на помилување единствено го поседува Претседателот на Републиката и е во целосна спротивност со правата на Премиерот дефинирани со Уставот на Република Македонија, го отвара сомнежот за инструирано судство како недопустлива пракса за едно демократско уредување.

Систем во кој политичарите повикуваат на помирување, а верските службеници на политички активизам и гласање во прилог на уставните промени на државата, ОМД смета дека во голема мера се противи на се она што подразбира демократско и секуларно уредување на земја со аспирации да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО.

Со цел градење на демократски систем и правна држава, ОМД повикува на почитување на волјата на народот јасно изразена преку бојкот на Референдумот, кој со излезност од 36% недвослисмено ги отфрли Уставните промени предвидени со Преспанскиот Договор. Поајѓајќи од фактот дека референдумот, конструктивната опозиција и правното понесување на граѓанска и политичка одговорност се едни од основните принципи на демократијата, ОМД апелира на воздржаност од трговија на политички интереси под параванот на меѓу-партиско помирување, правна разрешница за настаните од 27 Април, како и признавање на поразот од страна на народниот суд.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.