Среда, 17 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев е срам за Република Македонија
alt

Заев да го прифати ставот на граѓаните, дека договорот од Преспа е правно - политички мртов

Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси. Затоа очекуваме уште најмалку 10 пати во текот на денов да пуштат соопштение во кое што ќе изнесат лаги против Претседателот Мицкоски. Овој очај на СДСМ е пред самиот крај и веќе никаде не минува.

Договорот од Преспа за промена на името на државата, за граѓаните на Република Македонија е правно - политички мртов, тоа тие го кажаа и на референдумот, на кој над 1 милион и 200 илјади граѓани со гласање против или апстинирање кажаа дека за нив договорот е лош.

Зоран Заев мора да ја разбере пораката која му ја упатија граѓаните и да запре со силување на Уставот, законите и процедурите. Уставот е јасен референдумот не е успешен. Ставот на ДИК, тело кое го спроведува изборниот процес е јасен, одлуката не е усвоена. Само Зоран Заев тера инает на сопствениот народ.

Заев треба да ги остави партиските интереси на страна и да го слушне гласот на народот.

Заев не треба да бара виновници за неуспешниот референдум во никој друг освен во себе самиот. Тргнувајќи од лажните надежи кои им ги креираше на нашите меѓународни партнери, пропратени со големи манипулации за ситуацијата во земјата, преку манипулативното референдумско прашање, кое беше повеќе значајно се до криминогениот начин на спроведување на процесот, од закани, уцени, притисоци и поткупи.

Дополнително Заев колнејќи се во демократија ја уби демократијата во државата. На денот на референдумот се случи полнење на кутии не запаметено во Република Македонија. Во одредени населени места тоа беше и повеќе од очевидно, па гласано е и за 5, 6 и 10 секунди. Ова го виде целиот демократски свет и ова е вистинскиот срам кој сега иако му се премолчува, ќе остане запаметен во науката на политички системи како пример за едно изнасилено владеење и криминоген начин на сфаќање на политиката.

Зоран Заев е срам за Република Македонија. Зоран Заев наместо да продолжува да го турка процесот насила. Треба да го прифати ставот на граѓаните дека договорот од Преспа е правно - политички мртов.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.