Четврток, 18 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Денес Љубчо Георгиевски ги има истите ставови со наследниците на СКМ

altДраган Петковски

Во книгата „Мојата македонска приказна-каде одиш Македонијо“ Семејството Богдановски реагира на ставовите на Љубчо Георгиевски

Драган Петковски како претставник на семејството на Драган Богдановски се јави до медиумите со реакција во врска со изнесените ставови на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во книгата „Мојата македонска приказна-каде одиш Македонијо“.

Во продолжение следи рекацијата на Петковски во целост:

Почитуван г-дине Георгиевски,

Како претставник на фамилијата на Драган Богдановски, идеологот и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ решив да ви се обратам за првпат, гледајќи дека не престанувате со оцрнувањето на ликот и делото на мојот вујко. Повод се извадоците од вашата најнова книга во кои се вметнати веќе добро познати ставови кои се повторуваат и сега, во овие историски и одлучувачки времиња за нашата земја, Македонија. Како фамилија очекувавме дека завршија времињата кога Драган Богдановски беше напаѓан и етикетиран поради своите патриотски определби од комунистичкиот режим но очигледно неговата сенка и неговото политичко наследство не ви даваат мир. Како што сами велите неволно се “карате со Драган Богдановски” што говори за вашата човечка етика да напаѓате починат човек кој не може да ви реплицира.

Да почнеме со ред, улогата на Драган Богдановски како идеен творец во формирањето на партијата ДПМНЕ (ВМРО-ДПМНЕ) е потврдена од македонската историска наука и од професионални историчари. Ви го препорачувам делото од д-р Маријан Ивановски “Драган Богдановски-живот и дело (1929-1998)” каде научно е докажано чија идеја е постоењето на партијата, каде се нејзините корени и кој ја спроведе.

За целиот период додека ја водевте партијата свесно го стимулиравте култот на “основач” ; “војвода”, го елиминиравте и споменот за постоењето на мојот вујко и било каква поврзаност на македонската емиграција со создавањето на ВМРО-ДПМНЕ. Односот на вашето раководство се покажа и со забраната на присуство на закопот на Драган Богдановски и целосна изолација на нашата фамилија и повремени провокации кои ги добиваме од вашите приврзаници во Куманово. Времето ја донесе вистината и со вашето заминување од партијата, падна вештачки градениот култ и завршија фалсификатите.

Споменувате документи за наводно асистирање на УДБА во намерата на вујко ми да прави нова партија. Би било пожелно да наведете каде се тие документи и зошто не ги приложите во книгата туку се обидувате да ги доведете во заблуда читателите. Напротив постојат тони документи во Државниот архив, и во емиграцијата достапни на интернет кои докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е идеја, замисла и реализација на Драган Богдановски и неговите соборци од емигрантски организации (ОКМ, ДООМ итн).

Кога сме кај делувањето на службите добро би било да го прокоментирате ставот на Иван Бабамовски од документарниот филм “Дисидент” со тврдење дека бугарското воено разузнавање во раните 1990 било навлезено во партијата. Секако дека тоа не важи за мојот вујко и неговите соборци кој до крајот на својот живот беше со јасна македонска национална свест и тоа е општо познато. Оттука, чиста манипулација е да тврдите дека основањето на партијата ви припаѓа вам и дека само вие сте зборувале за независна Македонија во 90-тите кога тоа Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Костадин Динев Динката, Владо Транталовски, Јанко Томов и многу други го правеле 40 години пред вие да стапите на политичката сцена. Вие, г-дине Георгиевски сте добиле шанса од тие луѓе како 24 годишно момче да бидете дел од раководството и да ја предводите како претседател.

Драган Богдановски уште во јануари 1990 изработи политичка платформа на партијата во Стокхолм каде стои составот и на привременото раководството, вашето име таму го нема. Никој никогаш не ви оспорил дека сте само еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, туку вие го негирате и оцрнувате човекот кој ве внесе во политиката, кој ви ја предаде својата идеја да ја чувате како светост. И кого го протеравте од партијата со интриги и нагласеното бугароманство после посетата на Канада. Има живи сведоци и овде и во Канада кои тврдат дека ви организирале средба со “Обединети Македонци” а не со МПО за кои сигурно сте знаеле какви позиции имаат по македонското национално прашање и со кои вујко ми никогаш не се сложуваше.

Дали г-дине Георгиевски вие сте биле соработник на УДБА како што го обвинувате човекот кој ви го отстапи местото претседател на Конгресот во Прилеп? Вашите мотиви да го напаѓате идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја наметнувате како тема историјата на партијата, токму во ова клучно време, ги знаете само вие. Вашите наводи се неиздржани и нафрлени без ниту еден доказ, за човекот кој замина од овој свет без било какво материјално богатство и државничка функција. Тој за разлика од некои, не профитираше од политиката, тој се жртвуваше за она во кое веруваше.

Зошто стравувате од фактот дека Богдановски заслужено го добива местото во партијата која ја осмисли па и во науката и општеството, знаете само вие. Зошто денес од минатото на ВМРО ДПМНЕ правите гозба и сеир на политичките противици, знаете само вие.

Секој може да напише книга и да пишува што сака, вашето посакувано место во историјата нема да го добиете на тој начин. Професионалните историчари ја преоценуваат сечија улога. Оставете го покојниот Богдановски да мирува, долго време како негово семејство ги поднесувавме сите неправди, лаги и фалсификати, што од комунистичките власти, што од вас како поранешен претседател на партијата.

Денес Љубчо Георгиевски ги има истите ставови со наследниците на СКМ, а пишаните дела на Богдановски вечно ќе сведочат за неговата борба против врховизмот! “Зошто таткото се откажа од своето улаво дете” дава одговор дека Богдановски ги виде некои нешта далеку пред да се случат!

https://www.mkd.mk/11954/makedonija/bogdanovski-georgievski-pismo

НЕТПРЕС

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.