Вторник, 23 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Нова коалиција во Република Македонија: Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков
Николоски: Пратениците кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставка

Николоски: Пратениците кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставка

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа историска седница на Централниот комитет на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во рамки на партијата кој секогаш успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо од партијата и јасно да го избистри доброто, повторно да се врати на идеалите и корените на ВМРО и да се погледне во очи со својот народ, со македонскиот народ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на ИК Константин Богданов, побара и дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров, како и пратениците кои гласаа за уставните измени да ги вратат мандатите.

-На иницијатива на Христијан Мицкоски беше разгледан предлог кој тој го даде за одржување вонреден конгрес за гласање доверба за претседателот на партијата. Претседателот на партијата не присуствуваше на седницата и ЦК едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека партијата нема потреба да одржи вонреден конрес, посочи Николовски.

Посочи дека со оваа седницата на ЦК повеќе ништо нема да биде исто во ВМРО-ДПМНЕ, дека партијата завршува со хипотеките од минатото и продолжува напред силно и реформирано кон индината на Македонија.

-Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради силна сорабока со Зоран Заев како и организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставни измени, ЦК го разреши потпретседателот на партијата Митко Јанчев и тоа го направи со тајно гласање, при што резултатот беше едногласен, изјави Александар Николовски потпретседател на ВМРО –ДПМНЕ, по завршување на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски рече дека Константин Богданов е разрешен поради истите причини, а од месните комитети е побарано и да се поведе дисциплинска постапка против Сашо Мијалков и Никола Тодоров, за нивно исклучување од партијата.

-Сакаме да ја честитаме новата коалиција во Република Македонија, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, изјави Николовски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од осумте пратеници кои гласаа „за“ уставните измени да поднесат оставки од своите позиции, бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

Sasho

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.