Вторник, 23 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
alt

Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Дали се чистите од неистомислениците?

Одговор: Па јас мислам дека доколку се организирала група која што на пратениците им се заканувала дека вечно ќе останат во затвор, дека физички ќе ги нападне им нудела пари и сето тоа за да ги зачува своите стекнати привилегии како и судски да не одговара во договор со Зоран Заев. Ако тоа сме го дознаеле и препознале и заради тоа превземаме вакви мерки, тоа не се неистомисленици, тоа е еден друг стил на работа кој што треба јавното обвинителство да го истражи.

Прашање, новинар: Рековте на почетокот дека ќе расчистувате со минатото, дали тоа значи дека со сите функционери поранешни и сегашни ќе има расчистување или сега само со тие кои имаат багаж или пак само што тие имаат поинаков став?

Одговор: јасно Централниот комитет направи анализа кој и што правел во овој период на обезбедување на ова двотретинско мнозинство. Исто така она што е квалитативна одлика на оваа седница е дека после долги година на молчење во партијата се отвори една силна внатре партиска дебата за тоа што се случувало во партијата во изминатиот период. Процесот во вој момент се сведе на овие личности затоа што се однесува токму на оваа постапка, но секако ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред партијата и пред законите. Но, исто така се во криминална коалиција со Зоран Заев која веќе ја честитав. Коалицијата е Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

Прашање, новинар: Дали тука ќе влезе и Никола Груевски?

Одговор: Во моментот за почесниот Претседател на партијата нема никакви сознанија дека учествувал во обезбедувањето на ова двотретинско мнозинство и на ниеден начин не бил дел од таа работа. Кажавме за кого имаме сознанија и кажавме кои се мерките кои ќе ги преземеме.

Прашање, новинар: Повикот до јавното обвинителство се однесува само за Јанчев, бидејќи само за него споменавте поткуп, а за останатите лица кои ги споменавте и за нив повикувате?

Одговор: Да бидеме до крај јасни го повикуваме јавното обвинителство да ги истражи сите наводи за сите, и членови на ВМРО-ДПМНЕ, сегашни и поранешни, но и членови на СДСМ, луѓе со криминално минато, затоа што имаше и многу такви и сите оние кои што им помагаа, како и луѓе од судството и обвинителството кои што експресно носеа одлуки кои што претходно не можеа да се замислат, која била нивната улога во обезбедување на ова двотретинско мнозинство и соодветно на тоа јавното обвинителство да преземе активности.

Прашање, новинар: Денешната изјава на Метју Палмер дека нема потреба од што да се среќава со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дека се што имал кажал во писмото. Еден коментар?

Одговор: Ние сме во постојана комуникација со меѓународната заедница и со САД и ги сметаме за стратешки партнери на Република Македонија. Остануваме позади тоа партнерство, во интензивна комуникација сме. Писмото беше примено, на истото испративме одговор. Сметаме дека во следниот период партијата треба да ги интензивира и ќе ги интензивира контактите со меѓународната заедница. Сега кога е појасно што и како се случуваше на црниот петок, партијата може чиста, напред со гордо крената глава да оди и да ги гради своите пријателски односи  и со македонскиот народ пред се и со претставниците на меѓународната заедница.

Прашање, новинар: Дел од медиумите објавија дека Сашо Мијалков вечерва бил во ВМРО-ДПМНЕ за да му изрази поддршка на претседателот Христијан Мицковски? Дали е точно и доколку е така, беше ли тука, што разговараат?

Одговор: Неточно

Прашање, новинар: Во текот на гласањето на Уставните измени имаше декларација од дел од пратениците и има најави дека може и други ќе се приклучат на гласањето за уставни измени, со какви санкции ќе се соочат тие?

Одговор: Ставот на партијата е јасен, мерките кои што ги презедовме се јасни, очекуваме овие 8 пратеници да си поднесат оставка, затоа што не добија поддршка од народот да го менуваат името на Република Македонија. Тие кои што учествуваа во нивно убедување, притискање, уценување, поткупување дури и физичка закана дел беа разрешени, а за вториот дел бараме од Општинските Комитети да ги исклучат од членство.

Прашање, новинар: Дали ќе ги исклучите тие понатаму што би гласале?

Одговор: Од пратениците, апсолутно да.

Прашање, новинар: Дали беа сите одлуки едногласно донесени? Дали имаше дебата околу исклучувањата и разрешувањата?

Одговор: Да, имаше плодна дискусија, но сите Општински Комитети без исклучок, гласаа потврдно, односно за.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.