Вторник, 23 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Пеколно не боли вашата подвиткана кичма

altМицкоски: Пеколно не боли вашата подвиткана кичма – попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини

Ни се случи црниот петок. Бевме сведоци на предавство на нашата Татковина, предавство во кое за жал, за голема жал, учествуваа и наши доскорешни сестри и браќа! Тивко е на Ножот, прочитав еден фејбук статус таа вечер, очигледно со алузија на историската епопеја и паралелата со денешните настани. Тивко и пеколно болно беше во моето срце таа вечер. Тивко и мачно беше во нашиот штаб. Тивко, мачно, болно, гневно, очајно беше во македонските домови, во македонските градови и села – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обраќајќи се пред присутните во МНТ каде денеска се одбележува 23 октомври, Денот на револуционерната борба.

alt

Тој се обрати на оние кои гласаа за уставни измени, осумте пратеници кои не останаа на партиската одлука:

-Сакам денес овде со вас, пред вас и пред целата македонска јавност, директно да се обратам до оние кои паднаа, кои не останаа на висината на задачата, кои дезертираа, кои не издржаа. Знаете ли што покрај предавството кое го направите кон Татковината која ве одгледала силно не заболе таа вечер?! Знаете ли што ги параше нашите срца?!

Што пиштеше во нашите души?! НЕ ЗАБОЛЕ И ТОА ПЕКОЛНО БОЛНО – ТОА ШТО ВЕ ВИДОВМЕ СО ПОТСВИТКАНА КИЧМА!!!

Не подвиткана како онаа на Заев, кој можеби и воопшто нема кичма, но од црниот петок наваму и вашите кичми се подсвиткани! НЕ ИЗДРЖАА ВАШИТЕ ПЛЕЌИ! Не издржаа иако до пред некој ден не убедувавте, се фалевте и ширевте митови дека на вашите плеќи се крепи Македонија! Не издржавте, иако знаевте дека за огромен дел од вас СЈО ви монтира и пакува случаи во удбашки стил! Попуштивте, иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини!

altПонатаму Мицкоски додаде:

Колку и вие да се замислувате и самоубедувате дека не поткленавте, дека вие сте оние со визија, а ние не ја разбираме политиката, ќе остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата.
Од удирањето во гради Ве заболеа плеќите!

Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака, нам срцето ни се кинеше. Пеколна болка е тоа.

Направивте неприроден, недостоинствен, неавтентичен потег со тоа дигање на раката и така ја срушивте вашата кичма.

Затоа и веќе колку и да се трудите нема да можете да чекорите простум! Дека нема да можете да погледнете на народот во очи! Ги скршивте нашите срца, ги повредивте нивните души!

Republika.mk

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.