Петок, 26 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Ако со сила се обиде да се создаде „голема Албанија“, тогаш Балканот повторно ќе гори
alt
Српскиот министер за одбрана: Сите вие што го признавте Косово, размислете уште еднаш

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин истакна во пекинг дека, откако НАТО без одлука на Советот за безбедност на ОН ја бомбардираше Србија, меѓународното право умрело.

„И сега постојат притисоци Косово да се прими во Интерпол или УНЕСКО. Како Интерпол ќе може да си го сочува угледот ако податоците за нарко-дилерите ќе споделува со Приштина, од каде што доаѓаат најмоќните нарко-кланови“, кажа Вулин во Пекинг.

„Сите вие што го признавте Косово, како последица на присила, размислете уште еднаш, бидејќи сѐ што ѝ беше направено на мојата земја може да ви биде направено и на вас. Кога силата ќе стане закон, никогаш нема да знаете кога ќе се примени врз вас“, кажа српскиот министер за одбрана.

Тој истакна и дека Србија денес се соочува со посебен предизвик, кој според него е најголемата безбедносна закана на Балканот, а тоа е „голема Албанија“.

„За да биде создадена, таа мора да ги распарчи Србија, Црна Гора, Македонија па и Грција. Оние кои мислеа дека исламскиот тероризам може да се засити со српскиот народ, на пат се да ја повторат грешката. Ако во дијалогот што во име на Србија со Приштина го води претседателот (Александар) Вучиќ, не се постигне решение прифатливо за двете страни, и ако со сила се обиде да се создаде „голема Албанија“, тогаш Балканот повторно ќе гори. А тој пожар нема да гори само на Балканот“, смета Вулин.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/srpskiot-minister-za-odbrana-site-vie-shto-go-priznavte-kosovo-razmislete-ushte-ednash

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.