Недела, 28 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Правни или политички случаите против Груевски?
alt

Правни или политички случаите против Груевски?

Ниту провизија, ниту корупција, ниту каква било финансиска малверзација, нема во набавката на владиниот мерцедес, за што поранешниот премиер Никола Груевски треба да оди во затвор на две години.

-Каде се милионите и милијардите, за кои бесрамно водеа пропаганда против мене.Со сите институции насочени кон мене, со цел државен апарат фокусиран на мене, со одврзани раце да ми прават што сакаат, немаат ниту еден случај против мене за каква било проневера или корупција, па се сведоа на план да ме затвараат бидејќи сум сакал покрај другите ВИП странски гости и јас понекогаш да бидам превезуван во новото блиндирано возило, во време кога старото е на поправка – рече Груевски на 4 септември 2018.

Но не само овој случај и останатите 5 во кои е обвинет Груевски, СЈО не го гони кривично за злоупотреба на државни пари.

-Во предметот за патиштата сум обвинет, како што кажа и самата обвинителка во судницата, дека сум влијаел да се изгради автопатот Охрид Кичево со цел да добијам политички поени пред следните парламентарни избори. Небаре е криминал ако политичар и премиер пред избори ги истакне завршените проекти и со нив побара нова поддршка од граѓаните.Третото обвинение е затоа што е урната една класична дивоградба, при што инвеститорот се жалел и загубил на сите можни судски инстанци, а доказите дека е дивоградба се уште стојат, а тоа се несрушените темели на објектот дивоградба. Четвртиот предмет е дека сум потикнал насилство при што под насилство подразбираат протести на граѓанска иницијатива на кои обвинетите 8 лица кои наводно сториле насилство според приложените докази на СЈО и сведоците кои се против нив ниту некого повредиле ниту нешто оштетиле но ги теретат бидејќи советниците на СДСМ се вознемириле и добиле чувство на несигурност заради протестите. Петтиот предмет е Титаник каде како и во претходните 4 случаи немаат ниту сведок против мене ниту мој потпис ниту каков било доказ за какво било кривично дело и за се што ме теретат всушност ме теретат бидејќи во тој период сум бил водач на ВМРО ДПМНЕ – вели Груевски.

Поранешниот премиер уште минатиот месец предупреди дека судиите не одлучуваат според правните основи, туку како што рече имаат политичка директива по која носат одлуки, се со една цел за тој според нечии желби што побрзо да биде затворен. Груевски минатата недела доби упатен акт да се јави на извршување на затворската казна од 2 години, роковите за упатување кои обично се од два до неколку месеци за екс премиерот се скратени на 13 дена.

Катерина Гетева

Алфа.мк

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.