Понеделник, 29 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Мајк Ангелидис (Ангелевски) Нашето име е Македонија

2

Мајк Ангелидис (Ангелевски), поранешниот хокеар на Националната хокеарска лига (National Hockey League/NHL), се приклучи на кампањата Нашето име е Македонија, за одбрана на Македонија и на Македонците

Ангелидис (Ангелевски), поранешен хокеар на Тампа Беј Лајтнинг, со задоволство се согласи да даде изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, за потребата да се одбрани Македонија од менувањето на името кое ни се наметнува од страна на Запад. По нашиот повик, Ангелидис, на Твитер, објави:

„Јас сум Канаѓанец со македонско потекло и шокиран сум што Западот ја принудува Македонија да го смени своето име, да го смениме нашиот идентитет, со цел да ги исполниме желбите на друг народ. Ги повикувам сите истакнати Македонци да го искористат своето влијание за да обезбедат меѓународна поддршка за нашите човекови права. Нашето име е Македонија“.

За разлика од некои други познати македонски личности, господинот Ангелидис веднаш се реши да застане во одбрана на основните човекови права на Македонците.

Има други влијателни личности од Македонија кои не излегуваат во поддршка на својата етничка група, велејќи дека се работело за „политичко“ прашање. А сепак гледаме како познати личности од другите етнички заедници, кога е тоа неопходно, без двоумење стануваат во одбрана на своите човекови права.

Ангелидис е по потекло од Арменско и Буф, во Егејска Македонија. Тој вели дека со Преспанскиот догвоор ќе се смени идентитетот на Македонците дури и ако тие живеат надвор од Република #Македонија. Оттаму, Ангелидис прашува:

„Како може Западот да и наметне нов идентитет на цела една етничка група за да ги задоволи интересите на друга држава која си поставила за цел нејзино уништување? Грција веќе ги смени имињата на стотици илјади Македонци, вклучително и моето, во обид да го избрише нашето постоење“.

ММДЧП и Мајк Ангелидис го повторуваат повикот до сите истакнати Македонци да побараат ставање крај на процесот на менување на името, наметнат од САД и ЕУ. Со него се кршат човековите права на цела една држава и етничка група, во обид да се исполнат целите на една расистичка надворешна политика, и на тоа мора да се реагира.

ММДЧП му благодари на господинот Ангелидис за неговата поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија и за неговата недвосмислена одбрана на сите Македонци. Очекуваме и веруваме дека и други Македонци ќе ни се приклучат во одбраната на татковината.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.