Среда, 31 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Власта е за селективна правда и злоупотреба на судството и правната држава како алатка за награда
alt

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Отфрлањето на предлог законот за амнестија за инволвираните во случувањето од 27-ми април во Собранието е доказ дека власта е за селективна правда и злоупотреба на судството и правната држава како алатка за награда. Предлогот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ беше конструктивен и принципиелен кон намалување на поделеноста во општеството.

Глумењето на власта дека е за правда и за правна држава е смешно гледајќи како во целост го погази Уставот, позитивните закони, домот на демократијата, угледот на пратениците, образот на гласачите, го погази мислењето на Суверенот на државата - граѓаните!

Власта сега преку некакви форуми, комисии, координативно тело, за наводно помирување, или за наводна правда, не прави ништо друго освен обид преку замајување на јавноста да истера селективна правда што во суштина е длабока неправда. Таа неправда ќе значи нов вистински упад и злоупотреба од власта на правниот систем, нешто што многупати до сега е практикувано во оваа власт, во ова судство наречено „отворено како пупка“.

Принципиелно, ВМРО–ДПМНЕ поднесе закон за амнестија чија што основна цел на Предлог – законот за амнестија сите инволвирани во случувањата од 27-ми април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата, да бидат амнестирани. Според предложеното решение, се ослободуваа од кривично гонење, односно би се ослободиле од кривично гонење, би се запреле поведените кривични постапки и целосно би се избришала осудата со ослободување на осудените на казна затвор, како и за осомничени и обвинетите лица во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со принципи, и како што најави нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Законско решение за селективна правда кое би произлегла од еднострани форуми без опозиција.

Само целосна правда и правдина за сите вклучени во процесите за 27-ми април ќе биде прифатлива и за општеството и за ВМРО-ДПМНЕ. Се друго, ќе значи продолжување на газењето и понижувањето на правниот систем и на законодавниот дом, што ќе продолжи да ја заострува и поделеноста во општеството.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.