Четврток, 01 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
ИК н ВМРО-ДПНЕ избра нов координатор на пратеничката група и в.д претседатели на УЖ и УМС
alt

Членовите на ИК н ВМРО-ДПНЕ избраа нов координатор на пратеничката група и в.д претседатели на УЖ и УМС

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчерашната седница ја посвети на актуелната дневно политичка и економска состојба во државата и на внатре партиските случувања при што беа разгледани низа кадровски прашања.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го потврди изборот на Никола Мицевски за нов координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Мицевски денеска едногласно беше избран од колегите пратеници на координацијата на пратеничката група по предлог на досегашниот координатор Драган Данев.

Никола Мицевски е искусен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, а за нов координатор беше предложен од досегашниот координатор Драган Данев, кој од лични причини се повлече од функцијата координатор.

Членовите на ИК на вчерашната седница му одадоа признание и благодарнoст на досегашниот координатор Драган Данев за неговото залагање и вложување во еден исклучително тежок период на работење и политичко делување и во Собранието на Република Македонија и севкупно во државата.

Истовремено информираме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во иднина ќе делуваат како една пратеничка група. Смената на координаторот на пратеничката група не е во врска со актуелните случувања во и околу партијата, туку е исклучиво заради натамошното поефикасно делување на пратеничката група.

На редовниот состанок на Извршниот комитет беа констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени односно Унијата на млади сили, и донесе одлука да се започне со процедура за распишување на процедура за избор на нови раководни тела на УЖ и на УМС. До изборот на претседатели на УМС и УЖ, Извршниот комитет за В.Д претседатели ги именуваше Јован Јаулески и Благица Ласовска.

Во однос на актуелната политичка состојба, беше констатирано дека без оглед на сите закани, уцени и притисоци, партијата продолжува на истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси. Партиските акти изгласани на валандовскиот и кумановскиот конгрес и изборната програма на која што членовите, активистите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија дадоа поддршка за не менување на Уставот со цел промена на уставното име и натаму остануваат основен приоритет во натамошното делување. Извршниот Комитет исто така ги истакна и евро-атлантските определби на партијата и поддршката на процесите кои значат реформи во државата кои имаат цел да ја приближат Република Македонија кон стандардите на ЕУ и НАТО. Членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува приоритет во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, но со особен акцент на не нарушување на достоинството на Македонија и македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.