|
||||
Собраниската одлука е спротивна на задолжителната референдумска Одлука од 1991 |
доц. д-р Димитар АпасиевСобраниската одлука за уставни измени не може да произведе правно дејствоВиртуелното создавање на некаков си имагинарен „правен основ“, на мала врата, да се заобиколи народната волја и одлуката на граѓаните од задолжителниот Референдум 1991 во иднина да не биде обврзувачка за Собранието е правно недопустливо и невозможно да се изведе без правење стек на тешки кривични дела од сферата на сериозниот т.н. антидржавен криминалитет, за кои е пропишана максимална затворска казна од 15 години. Форсираните уставни измени, предложени од Владата на РМ, немаат никаков валиден правен основ и гласањето за нив на т.н. Црн петок, т.е. на ноќната тензична собраниска седница од 19 октомври 2018 година, претставува кривично дело „Саботажа“ – казниво по чл. 315 и „Организирање отпор“ – казниво по чл. 387 од Кривичниот законик на РМ. Уставниот суд на РМ има правна можност во целина да ја поништи контроверзната Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија Бр. 08–6054/1 (Сл. весник на РМ - 192/18) и со тоа да го запре овој нелегитимен и нелегален процес кој е дијаметрално спротивен на народната волја изразена на два референдума: задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018. Собраниската одлука е спротивна на задолжителната референдумска Одлука од 1991Собранието на РМ, со Одлуката за распишување на референдум во Република Македонија, распиша задолжителен референдум, на кој македонските граѓани се изјаснуваа за прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија“? Согласно официјалниот Резултат од референдумот во Република Македонија одржан на 8 септември 1991 година Бр. 2–29, со непосредно и тајно гласање се изјаснија 1.132.981 граѓани – или излезноста беше 75,75 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас – со што беше исполнет цензусот за успешност на референдумот! За прашањето за кое се одлучуваше, со ЗА се изјаснија 1.079.308 граѓани [72,16 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас]; a ПРОТИВ 39.639 граѓани [2,65 отсто]. Врз основа на резултатот од изјаснувањето, тогашната Републичка комисија за спроведување на референдумот, утврди дека тој е полноважен – согласно чл. 4 од тогашниот Закон за републички референдум (1973). Според чл. 5 од споменатиот Закон – преземен како републички пропис со Уставниот закон за спроведување на Уставот на РМ (1991) – „одлуката донесена на референдумот е задолжителна“! Ваквата одредба подоцна беше вградена и во самиот Устав на РМ, како највисок и супериорен државно-правен акт [чл. 73, ст.4 од УРМ]. Во насока на правен континуитет при имплементацијата на задолжителноста на референдумската одлука, слични одредби содржеше и подоцнежниот Закон за референдум и граѓанска иницијатива [1998]: „Собранието не може да донесе закон ако на законодавен (претходен) референдум избирачите се изјасниле против донесување на закон или против начинот на уредување на определено прашање, што би бил во спротивност со резултатите од референдумот. Собранието е должно, во рок од 60 дена по спроведениот законодавен (дополнителен) референдум, да го уреди прашањето, односно законот по кој е одлучувано на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“ [чл. 24 и 25]. Членовите 8 и 30 од најновиот и сè уште актуелен Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (2005) ја потврдуваат задолжителноста на референдумскатa одлука кога станува збор за т.н. обврзувачки референдум, каков што впрочем беше плебисцитот за македонската независност од 1991. Ова значи дека е присутен елементот на коерциција, сфатена како „институционална принуда“ кон државните органи и до пратениците – кои во случајов се само делегати на народната волја – тие да мора стриктно да ја почитуваат одлуката на мнозинството граѓани донесена на референдум, без оглед на нивното лично и интимно согласување или несогласување со неа. Извор: МКД.мкИзвор: МКД.мк |