|
||||
#БОЈКОТИРАМ ПОРОГЛАС-УСТАВНИ ПРОМЕНИ |
П Р О Г Л А С #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ Ние, граѓаните на Република Македонија, Ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен ОТПОР кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени! Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот. Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот! Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ: - Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени; - Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор; - Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право; - Трајна заштита на Името на државата, Македонија - Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори. Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, ОТПОРОТ ќе продолжи и расте и несомнено ќе бидат употребени сите институционални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор. #Бојкотирам |