|
||||
Зоран Заев е единствениот антизападен и недемократски политичар во Македонија |
СДСМ со денешното соопштение призна дека целокупната власт во државата е во нивни раце и истата ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаатСоопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ СДСМ јавно и отворено се заканува со политички прогон врз Христијан Мицкоски. СДСМ призна дека ги режира и оркестрира политичките хајки и дека судот е само инструмент во рацете на власта. Ова е преседан во светски рамки. СДСМ со денешното соопштение призна дека целокупната власт во државата е во нивни раце и истата ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаат. СДСМ заборава дека власта е менлива и минлива и дека моменталната моќ која ја имаат утре ќе ја немаат и дека за сето незаконие, закани, притисоци и уцени ќе треба да одговараат пред правосудните органи кога тие независно ќе може да си ја вршат работата. Зоран Заев е единствениот антизападен и недемократски политичар во Македонија. Зоран Заев е човекот кој ја извршува премиерската функција, а истовремено е трипати аболициран за криминал. Зоран Заев својот криминален начин на работа од Струмица, познат како модел - „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ го пренесе на територија на цела држава. Тоа не е европски, тоа е рекетарски. СДСМ е единствената антизападна и анти ЕУ партија во државата. Владата која ја формира склучува милионски договори во четири очи на сметка на јавни и транспарентни јавни повици. Органите на управата даваат дозволи за работа на фирми и лица кои немаа ниту ден работно искуство во областите за кои добиваат дозволи за извршување на работи од јавен интерес, тоа не само што го нема во ЕУ, туку го нема ниту во ниско развиени држави од Африка и Азија. СДСМ е реликт на комунизмот, кој остави многу луѓе по затвори, партија која подоцна се преименува и остави 200.000 работници на улица и нанесе економски егзодус врз државата. Народот и меѓународната заедница го препознаваат лицемерието на СДСМ. Доаѓа денот кога комунистичките остатоци и ликовите на транзицијата ќе се заминат од политиката. На Република Македонија и требаат вистински прозападни и модерни политичари, а тоа не се ниту Зоран Заев, ниту картелот околу него. ВМРО-ДПМНЕ |