Петок, 02 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија
alt

Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија

Најавена Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија, каде измените нема да се “козметички” туку историски погубни за Македонската држава и Македонската нација.

Премиерот Зоран Заев ја објасни промената на Преамбулата на Уставот на РМ, во однос на спомнувањето на АСНОМ, а согласно Договорот со Грција. Тој рече дека сега во Преамбулата ќе стои Прогласот, а не како досега одлуките на АСНОМ и истакна дека Охридскиот рамковен договор е составен дел од новата Преамбула.

Имено, досега во Уставот се споменуваат одлуките на АСНОМ, во кои, како што рече Заев, има една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија.

,,Тоа не е во согласност со новите принципи на градење на пријателство со соседите“. -рече Заев, па затоа сега во Преамбулата ќе стои Прогласот на АСНОМ.

Прогласот го нема тој дел и тоа е фер пристап на градење на пријателство со соседите, реше Заев.

Имено ова е содржината на актуелната Преамбула на Уставот на Република Македонија:

Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Македонија.

Новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија неофицијално ќе гласи:

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавањеграѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република, Прогласот од АСНОМ од антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година и Охридскиот рамковен договор, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија.

Со ова од АСНОМ се бришат:

Манифестот на АСНОМ

Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија

Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија

Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава

Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава

Republika.mk

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.