Сабота, 03 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур
alt

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување

Зад мене е судството свиткано во пупка и седнато во скутот на одродениот помилуван аболициран криминалец Зоран Заев.

Ова не е суд, ова е игротека и место за исполнување на желбите на Заев. Тој си нарачува судења, тој си предвидува пресуди, тој сам го реформира додека седеше на обвинителна крупа за земање на мито нешто што го виде цела држава.

Почитувани,

Вонправно, но и очекувано, Кривичниот совет ја потврди одлуката на Судот на барање на партискиот правен Франкенштајн СЈО, за замрзнување на целиот партиски имот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема никаква врска со наводниот предмет кој што по партиска инструкција за пресметка со опозицијата го води СЈО. Ова има врска само со едно, обид за замолкнување на опозицијата и обид за заплашување на јавноста. Сега, кога пред очите на сите, се гази референдумот, се гази демократијата, се гази Собранието, се понижуваат пратеници преку силување на правото и правдата.

Правната држава е погазена во целост.

Правото и правдата во судот сега зависат само од желбата на судиите да му удоволат на властодржецот. Притоа, замижуваат пред фактите, пред доказите, пред аргументите дека со тоа не само што се гази правото, туку со тоа тие се директни учесници во силувањето на демократијата и укинувањето на правниот систем.

Одлуката на несудот е политички прогон на само шест месеци пред избори и притисок од криминалната одродена власт против опозицијата, таа да не може да се подготви за предизборната кампања.  Веќе не се бираат средства за оваа банда да си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и на општиот грабеж.

Почитувани, И барањето од СЈО и одлуката на судиите се целосно неосновани и се исклучиво политички мотивирани.

Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО.

Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката.

Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени.

Единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Со тоа јавно се испраќа порака за заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев.

Помилуваниот однароден криминалец знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси, и затоа ги впрегна партиските обвинители од СЈО и клиентелистичкиот суд за да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, тоа нема да ја спречи ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстави на антидржавните антинародните политики кои што ги води Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.