Недела, 04 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
По АСНОМ, ќе ги нема НОБ и првоборците: Ќе се менува ли и химната?
alt
По реакциите на грчкиот претседател за членот од Уставот на Македонија во кој единствено останува името Македонија, извори од Владата лиферуваат дека премиерот се обидува да најде компромис.

Имено т.н. барања на Канческа Милевска кои во целост правно се регулирани со Преспанскиот договор, како информираат биле само параван за оваа забелешка која ја имал целиот преговарачки тим на Грција, на чело со Ципрас и поранешниот министер Коѕијас.

Заев и Канческа Милевска ги измислиле фиктивните амандмани со цел да се обидат на јавноста да и прикажат добрососедсто разбирање и соработка, со што Грција би ги прифатила амандманите на Канческа Милевска кои постојат, а Заев би прифатил корекција и во член 36.

Членот 36 од Уставот на Република Македонија гласи:

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.

Посебните права се уредуваат со закон.

Она што е суштинско во овој член е што е единствениот каде се именува Македонија и Македонски народ, што секако би било ирационално со Устав на Северна Македонија.

Грците според извори од Атина, сметаат дека еден член може да го падне договорот но и самата грчка Влада затоа што со него се потврдува дека измените во уставот па и промената на името се чисто козметички.

Поддржувачите на Преспанскиот договор го информирале премиерот Ципрас дека член 36 не смее да постои како таков, затоа што го опфаќа периодот од почетокот на Втората Светска војна кога Македонците немале држава и потврдува постоење на Македонска нација.

Заев според партиски извори се обидел да го корегира Македонија со Северна Македонија, но тоа наишло на огромно незадоволство во самата партија пред се, затоа што и СДСМ е директен наследник на Комунистичката партија на Македонија, дел на Комунистичката партија на Југославија кои се темелат на своето работење токму на Антифашистичката војна т.е. НОБ и Првоборците.

Поранешни пратеници, министри и високи функционери од СДСМ информираат дека ако се промени било што во член 36 како што во Преамбулата се промени дека во 1991 година граѓаните на Референдумот се изјасниле за самостојна и независна Северна Македонија, тогаш ќе се промени и Химната и националните симболи.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.