|
||||
Сорос ја плати промената на името на Македонија, контроверзниот милионер дал најмалку 45 милиони еур |
„Информер“: Сорос ја плати промената на името на Македонија, контроверзниот милионер дал најмалку 45 милиони евраГрчкиот министер за одбрана Панос Каменос го обвини својот колега, шефот на дипломатијата Никос Коѕијас дела зел пари од американскиот милијардер и со нив ги платил новинарите, бизнисмените и политичарите за да помине Преспанскиот договор, пишува српски „Информер“.
Американскиот милијардер Џорџ Сорос платил најмалку 45 милиони евра за Македонија да го постигне договорот со Грција, да го промени името, откри грчкиот министер за одбрана Панос Каменос. Тој го обвини својот колега, министерот за надворешни работи Никос Коѕијас дека зел пари од Сорос и со нив финансирал политичари, новинари и бизнисмени за Преспанскиот договор кој го потпиша со Македонија да помине мазно во Грција. Коѕијас поради тоа поднесе оставка. Но постои и план „Б“. Според грчките медиуми Коѕијас во средата на седницата на Владата жестоко се карал со Каменос кој остро се противи на договорот со својот северен сосед, и при неодамнешната посета на Вашингтон самоиницијативно го претставил својот план „Б“ за Македонија. Министерот за надворешни работи го обвини колегата задолжен за одбраната да не се меша во неговиот ресор. Каменос, од друга страна, се бранел со тоа дека секој министер во владата има право да изнесе свој предлог, со оглед на тоа дека е уверен дека преспанскиот договор ќе пропадне бидејќи нема да биде усвоен во Парламентот. -По жолчната расправа Каменос го нарекол Коѕијас „човек на Сорос“. Му викал дека американскиот милијардер дал 45 милиони евра за договорот со Македонија, наведуваат грчките медиуми. Како што додаваат во прашање е таен фонд од кој се финансирани новинари политичари и бизнисмени и грчкото министерство за надворешни работи кои треба да го проголтаат Преспанскиот договор. -Коѕијас во текот на расправијата со Каменос побарал од премиерот Алексис Ципрас да го заштити, меѓутоа, овој го одбил тоа. Ципрас седел и набљудувал, не сакал да се меша. Поради тоа Коѕијас кој бил вон себе од бес, поднел оставка, а премиерот без збор му ја прифатил, откриваат медиумите во Грција.Дополнително е откриено дека од тие тајни фондови на Сорос со милион евра се финансирани медиуми во Албанија и Македонија, како и Православната црква во Грција, а целта било да се омекне нивниот став за Преспанскиот договор. Со оглед на сето ова, јавноста во Македонија се сомнева дека со парите на Сорос се финансирани нивните политичари, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кои со Коѕијас го потпиша Преспанскиот договор. Пари му се нуделе и на Глигоров. медиумите во Скопје потсетуваат на тоа дека не е првпат Грците да им нудат пари на Македонците. -Покојниот претседател Киро Глигоров во своите мемоари објавени во 2001 година откри дека Грците нуделе куфер со пет милиони долари и артефакти со непроценлива вредност. Во аферата учествуваа некогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски и грчкиот генерал, Николаус Грилакис. Гркот на Фрчкоски кој го напиша македонскиот Устав, усвоен по отцепувањето од СФРЈ во 1991 година, му нудел пари да го измени тој највисок правен документ и да го промени името на земјата. Гигоров наведе и дека бил под притисок и дека Фрчкоски предлагал да се најде со претставниците на тајните грчки служби за да ја прифати грчката солуција за името, истакнуваат македонските медиуми. |