|
||||
Грција никогаш нема да го ратификува Преспанскиот договор |
Грција никогаш нема да го ратификува Преспанскиот договорОтворањето на уставот на Грција со 30 измени во членови е сосема јасен показател дека Ципрас кренал раце од преспанскиот договор кој Заев по секоја цена ќе го имплементира Оставката, иако коректно би било да се нарече отказот на Коѕијас, поранешниот шеф на грчката дипломатија, е директна последица на планот на Грција ни по март следната година да не го ратификува Преспанскиот договор. Имено ставот на Коѕијас, изразен и јавно, дека не знае што би се чекало до март, ако Заев го испорачува она што го ветил, уставни измени и целосно имплементирање на Препанскиот договор до крајот на јануари, следната година, го дава самиот одговор. Македонската историја е премногу обемна за Грција да може да ја избриши во целост. Со тоа нема правни алатки да се негира постоењето и обидите за формирање на Македонска држава и постоењето на Македонски народ и нација. Оттука, Владата на Ципрас видно започна со последните реформи пред да замине. Идеолошкото убедување на радикалното левичарско движење, Сириза, предложи измени на над 25 члена на Уставот на Грција, кој почнува и завршува со Православен, Христијански мотив, како Грција не е секуларна држава. Отворањето на фронт со Грчката православна црква е последната капка која ја прели чашата на трпение кај грчкиот народ, особено свештениците, кои на Ципрас му објавија “војна” а најавија нови избори. Промените на уставот во Македонија се идиотизам. И покрај имплементацијата ние ќе потрошиме 100 дена да му угодување на властоволието на грчката влада, било тоа да е оваа на Ципрас или онаа која ќе следи на Мицотакис и Нова Демократија. ЕУ, САД и НАТО сакаат да се самоукинеме како држава и тоа е се. Грција никогаш нема да добие повеќе отколку што Заев и нуди. Северна Македонија ќе остане најголемиот политички пораз во историјата на светот со кој една држава и една нација доброволно се негираа во своето постоење и тоа по сопствена волја, иако 95 отсто од земјите во светот преку Обединетите нации ни го потвдиле и името и нацијата и државата. Грција нема корист да го ратификува Преспанскиот договор. Во него ја има премногу именката и придавките Македонија – Македонско – Македонски. Политички и Ципрас и Мицотакис само го искористија моментот на слабост на македонската надворешна политика за бесплатен политички маркетинг, за домашна употреба на наша сметка. Објавил: Мирко Бачиќ Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк |