Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени, ве повикуваме на општонароден ПРОТЕСТ на 18-ти Ноември во 18.00 часот пред Собрание на РМ.
ПРОТЕСТОТ е натпартиски и сенароден за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.
#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.
Бараме: - Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
- Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
- Трајна заштита на името на државата, Македонија.
- Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.
|