|
||||
Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски |
Комисијата за заштита од дискриминација утврди: Кацарска врши политичка елиминација на Никола ГруевскиДржавната комисјата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.
Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор. И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврати јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која обвинителството СЈО и судот се само инструмент и беспоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско-политички процес негово ставање во затвор. Мислењето на независната Комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент. Утврдена директна дискриминација од независна државна комисија за заштита од дискриминација, од страна на судот, врз поранешен долгогодишен премиер и пратеник од опозиција, во секоја нормална држава е скандал од невидени размери, кој не смее да се релативизира или затскрие и не може да заврши без соодветна реакција на судските надзорни органи, но и поширока општествена и институционална реакција. Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Владата на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијката Добрила Кацарска до Основниот суд 1 Скопје.
Вечерва во 19 часот пред Основен суд Скопје 1 е закажан мирен законски протест во поддршка на Никола Груевски против политичкиот прогон кон него и барање правда за него. |