|
||||
Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од ЕУ и НАТО |
Христијан Мицкоски На маргините на Политичкото Собрание на EPP - European People's Party, остварив средба со Манфред Вебер, Претседател на Европската народна партија во Европскиот Парламент. Го информирав господинот Вебер за актуелните состојби во државата. Му укажав на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО. Господинот Манфред Вебер воедно е и најсериозен кандидат за Претседател на Европска Комисија, му посакувам успех! |