|
||||
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието |
Мицкоски:ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против процесот за промена на уставното име на Македонија
Добро е секогаш да се слушнат и двете страни односно да се вкрстат аргументите на двете страни така што можев да ги објаснам позициите на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период а истовремено да ги убедам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во минатото, никогаш не би подржало ниту пак би презела акција во насока да делува насилно или да се заканува и да уценува, вели Христијан Мицкоски во телефонски разговор во Вестите на Канал 5. Тој истакна дека остварил средба со неколку високи претставници на ЕПП и лидери на држави од сестринските партии. Претседателот Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата, додавајќи дека и покрај тоа што во Собранието се започнати собраниските процедури за Нацрт Амандманите за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ останува да биде против овој процес. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија на народот и ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото, така и во иднина ќе ги користи исклучиво демократските алатки кои и стојат на располагање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието, нагласи Мицкоски. |