|
||||
Груевски е жртва на политички прогон |
Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогонНикола Груевски е е жртва на политички прогон од страна на актуелната власт, констатираше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа коментирајќи ја последната одлука на Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Груевски за одложување на издржувањето на затворската казна. Според него самиот чин е преседан во судсвото и со тоа се потврдува тезата дека судството е апсолутно партизирано и работи под стегите на Владата. – Во минатото од страна на СДСМ кога тие беа опозиција во многу наврати сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од државата, а денеска Никола Груевски, Кривичниот совет ја одбива неговата жалба за дело за кое што е осуден поради стекнување нематеријална добивка како што е возењето неколку кратно во возилото кое што е предмет на тој судски процес, посочи Мицкоски. Во врска со денешното гласање во Собранието за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, Мицкоски вели дека куриозитет е да се гласа за одземање на пратеничкиот мандат со образложение дека тој не бил достоен за функцијата пратеник и дека тоа до сега не се случило. – Во Парламентот немаа дво третинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски, а потоа Кривичниот совет ја одби жалбата што е јасна потврда дека станува збор за флагрантна пресија која се врши врз судот и покрај тоа што во случајот со Никола Груевски не постои материјална штета, вели Мицкоски. Додава дека опозицијата е разочарана бидејќи судството не само што не се реформира и не оди напред, туку дополнително ја влошува својата функција. |