|
||||
Македонец меѓу победниците на изборите во САД – го остварил сонот на својот дедо |
Македонец меѓу победниците на изборите во САД – го остварил сонот на својот дедоФил Наумоф, демократски кандидат, е избран за судија на вчера одржаните избори, во малото место Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо.
Наумоф ги победи ривалите, републиканецот Ендру Кларк и независната кандидатка Кели Бандел, освојувајки 51,7% од гласовите. Новиот судија ја споделил приказната за неговиот дедо, кој во 1921 година дошол во САД од Македонија, надевајќи се дека ќе му обезбеди подобар живот на своето семејство. „За мене ова значи кулминација на сонот“, изјавил Наумоф. |